За Училиштето

СОУ ЈАНЕ САНДАНСКИ

СОУ „Јане Сандански“ како свој приоритет го има создавањето квалитетен кадар кој вистински ќе се вклопи во современото општество и достојно ќе го презентира училиштето преку сопствениот успех при понатамошното школување во високо-образовните институции во државата и надвор од неа. Интеракцијата и меѓуетничкиот дијалог се нашата силна страна во промовирањето на различностите, толеранцијата и заемната почит.

Мисија

Визија

Сакаме нашето училиште да стане лидер во образување кадри од гимназиското образование и економската струка во југоисточна Македонија и добро организирана, материјално-технички опремена и кадровски солидно екипирана образовна установа во која меѓуетничката соработка ќе им обезбеди еднакви услови за напредување на припадниците од сите етникуми. Сите капацитети, човечки и материјални, ги насочуваме нашето училиште да стане многу посакуваниот „втор дом“ за секој ученик.

Историја

Струмица ги бележи своите никулци на гимназиско образование во првата деценија на 20-от век. Во 1944 година АСНОМ ја донесува одлуката за отворање на училишта за гимназиско образование во градовите на НР Македонија.

Нашето училиште ја започнало својата работа на 5 февруари 1945 година, кога за првпат бил одржан час на македонски јазик. Гимназијата во Струмица на почетокот работела во зградата во која денес е смест