Erasmus+

Erasmus+

Да ги обележиме Erasmus деновите со уште една наша успешна приказна од проектот Hiclass ! Од 19-23 септември нашето училиште беше домаќин на петнаесет ученици и шест наставници од Италија, Португалија и Романија, кои заедно со нашите петнаесет ученици вежбаа нови онлајн методи на учење, поврзани со дебата и како истата да се примени во хибридни услови. На крајот се прогласи и најдобриот тим ! Освен работниот дел, гостите беа во посета на Скопје и други локални знаменитости. Учениците поминаа незаборавни моменти, исполнети со многу дружење, но и нови вештини стекнати за една недела! Координатор: М-р Софија Тошева


Erasmus+ project: “Multiculturality, diversity, integration- equal opportunities for everyone” – Мобилност во Адана, Турција


Од 23 до 29 јуни 2022 година во Адана Турција се одржа последната мобилност од Еразмус проектот “Multiculturality, diversity, integration- equal opportunities for everyone” во кој учество земаа учениците Трајче Горгиев, Дона Јанчева, Васил Лазаров, Магдалена Мучева, Сара Костуранова и Ване Стефанов заедно со професорките Софија Тошева и Виолета Николова. Нашите ученици активно и успешно учествуваа во сите активности на теми „Што значи да бидеш малцинство?“, „Мултикултурата во денешните општества“ и многу други. Покрај тоа тие имаа можност да посетат познати знаменитости во Адана и Кападокија како Самовилините Оџаци, Пештери на Рајот и Пеколот, градот Тарсус, Чукурова и стекнаа доживотни искуства, знаења и пријатели од цела Европа.


Остави Коментар

За Erasmus+

Проекти 9
Вклучени ученици 50
Вклучени наставници 14
Партнери 45
Држави 10