Часовникот означи почеток на уште едно магично издание на нашиот Струмички карневал!
Во оваа магична ноќ, меѓу илјадниците учесници на Струмичкиот карневал, и оваа година успешно се претстави нашето училиште со групна маска под наслов „Тик-так“. Идејата на маската беше: Секој нов ден е надеж за подобро утро, правање добри дела и делење безусловна љубов.
Токму со таква љубов кон карневалот и градот,долго време рачно се изработуваа маските кои во саботата гордо продефилираа пред публиката. Еуфорично, во весел ритам како часовник отчукуваа, со надеж за новиот ден, срцата на нашите учесници и дадоа свој придонес во заштитата на ова наше големо културно наследство-Струмичкиот карневал.